Browsing: СВЕТ

И понатаму трае потрагата по преживеани по бродската несреќа која се случи на јужниот брег на Јужна Кореја, но малку надеж за пронаоѓање на преживеани. Силните струи, дождот и слабата видливост ја попречуваат потрагата

Бесмислени се тврдењата за воено учество на Русија во случувањата во источниот дел на Украина а почетокот на преговорите во Женева се многу важни, вели рускиот претседател Владимир Путин во телевизиското обраќање на кое одговараше на прашањата од руските граѓани

Украинските трупи егзекутираа најмалку тројца напаѓачи за време на акцијата во базата Мариопол во Украина, пред почетокот на разговорите во Женева за кризата во земјата

ЦИА и Пентагон немаат коментар за видеото, но според претпоставките или не знаеле за собирот или немале време да извршат напад. Видеото е сега во рацете на американските власти кои го анализираат

Со вооружени возила низ улиците, и наводите дека воени трупи го држат под контрола аеродромот, градот Краматорск во источна Украина е центарот на тензиите помеѓу украинските сили и про-руските сепаратисти

Според последните податоци 300 луѓе се сметаат за исчезнати, а 164 се спасени, откако се преврте траект на југозападниот брег на Јужна Кореја, акцијата за спасување е во тек. Бродот целосно потонал во рок од два часа.

Турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек ги повика социјалните мрежи да отворат свои канцеларии во Турција, по обвинувањата од страна на премиерот Реџеп Тајип Ердоган дека „Твитер“ го избегнува плаќањето на даноци

„Ќе се спроведува чекор по чекот, одговорно и внимателно“, рекол претседателот Турчинов пред парламентот, нагласувајќи дека целата на ваквите акции е да се заштитат жителите на Украина и да се запре теророт, криминалот и поделбата на Украина