Browsing: СВЕТ

Критиките на Новак Ѓоковиќ во текот на Мастерс во Рим упатени до светските медиуми Си-Ен-Ен и Би-Би-Си, дека не отстапуваат доволно простор за катастрофалните поплави, беа повод британскиот јавен сервис да го покани српскиот тенисер да говори за случувањата во регионот

Автобусот кој експлодирал во градот Фундасион во северниот дел на Колумбија загинале 32 деца, а 23 се здобиле со тешки изгореници по телата. Тие веднаш биле пренесени во болница и се наоѓаат во критична состојба, поради што постои опасност бројот на жртвите да се зголеми

Вооружени мажи денеска упаднаа во либискиот Парламент и го запалија, изјави либиски пратеник. Пратеникот Омар Бушах за странските медиуми изјави дека вооружени мажи влегле во Генералниот национален конгрес (парламентот) и ја запалиле зградата

Ал Џезеира Балкан објави мапа на која се гледаат вистинските размери на катастрофата која ги погоди Србија и Босна. Мапата покажува кои делови се поплавени и како што можете да видите, се работи за регионите каде што тече реката Сава

Премиерот на Србија Александар Вучиќ оцени денеска дека ситуацијата со поплавите бара да се „биде максимално внимателни во следните два дена“ и оти најголема опасност сега е реката Сава, јави Танјуг.