Browsing: СВЕТ

„Доколку станува збор за единици за самоодбрана формирани од жителите на Крим, ние немаме контрола врз нив“, рече Лавров, кој попладнево во Париз ќе оствари средба со американскиот државен секретар Џон Кери

Русија направи успешен обид на лансирање на интерконтитентална балистичка ракета, која била лансирана од руската покраина Астрахан, недалеку од Каспискотот езеро, а погодила цел во Казахстан. Ракетата долга 20 метри има дострел од 10.500 километри

ЕУ ќе и помогне на Украина да го плати долгот од 2 милијарди евра што го должи Украина за купувањето на руски гас откако Газпром најави дека ќе го укине попустот за гас на оваа земја. ЕУ исто така може да и помогне на Украина во снабдувањето со гас.

Владимир Путин се појави денес пред новинарите, за прв пат од почетокот на украинската криза и изјави дека испраќањето на трупи во Украина во моментов не е неопходно но дека Русија си го задржува правото со сите средства да ги штити своите граѓани во оваа земја.

Маној Шарма, кој се претставил како адвокат, денеска го нападнал шефот на „Сахара“ групацијата пред Врховниот суд во Индија; според наводите, Шарма бил задржан од страна на полицијата

Затворање на границите за Русија кон Европа односно замрзнување на банкарските сметки на руската елита, се дел од механизмите кои и стојат на располагање на ЕУ со цел да ја спречи Русија од воена интервнеција во украинската област Крим

Меѓународната заедница со критика и предупредувања до Русија за воената интервенција на Крим. Премиер Дмитриј Медведев даде зелено светло за изградба на мост меѓу рускиот брег и Крим, Украина, преку теснецот Керч