Browsing: СВЕТ
И Мостар е во пламен, запалени се канцеларијата на градоначалникот, како и зградата на градската управа, полицијата интерневира, ова се последните информации од случувањата во Босна и Херцеговина
Тамошните медиуми известуваат дека авион на турската авиокомпанија „Пегасус“, што полетал од Харков, во Украина, вечерва бил принуден од турските военовоздухопловни сили да се приземји во Истанбул по обидот за негово киднапирање од страна на украински патник
Првиот пријателски натпревар на фудбалска репрезентација на Косово која неодамна доби дозвола за меѓународни средби, ќе биде против Јамајка, пренесува „Газета експрес“
Новинарката Емица Ниами, директно од Босна и Херцеговина, за НОВА вели од сите страни се слушаат сирени на екипите за брза помош и пожарникарите кои се обидуваат да го изгаснат огнот
Псаки: Ова е најниско досега во руските разузнавачки методи во смисла на публицитет, објавување. Немам други независни детали за потеклото на снимката на Јутјуб. Очигледно, се случило синоќа, се работи за релативно нов материјал
Руските власти за организација на Зимските олимписки игри потрошиле над 50 милијарди долари со што станаа најскапи во историјата. На ЗОИ учествуваат 2.800 спортисти во седум спортови и 15 дисциплини. Најбројни се Американците 230, петмина повеќе од домаќините Руси
Во градовите низ Босна и Херцеговина за денеска се најавени нови протести, кои во изминативе два дена се проширија од Тузла низ другите градови
Наводниот прислушкуван телефонски разговор меѓу Викторија Нуланд и американскиот амбасадор во Украина, каде Нуланд ја омаловажува со пцуење ЕУ во текот на украинската криза е објавен на интернет
Организациите за правата на ЛГБТ заедницата планираат неколку начини за да се спротистават на законот кој забранува дискусија за правата на хомосексуалците и врски пред малолетници преку веење на знамиња-симболи на ЛГБТ, држење за раце…
САД со предупредување до авионските компании кои имаат директни летови за Русија дека терористите кријат експлозив во пастите за заби. Министерството за безбедност издало предупредување само еден ден пред почнувањето на Зимските Олимписки игри во Сочи
Олимпискиот факел на патот до Сочи мина низ Северниот пол, беше спуштен во Бајкалското езеро, го надлета највисокиот вулкан на светот на полуостровот Камчатка и беше во вселената
Во Приштина денеска наутро бил уапсен Уке Ругова, актуелен пратеник во Косовското собрание и син на поранешниот косовски претседател Ибрахим Ругова