Browsing: СВЕТ

Она што Русија сега го прави во Украина е кршење на принципите на Повелбата на Обединетите нации. Се заканува на мирот и безбедноста во Европа. Русија мора да престане со воените активности и со заканите- соопштение на генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

“Свикав состанок на Северно-атлантскиот совет поради воената акција на Русија во Украина. И затоа што претседателот Путин и се заканува на оваа суверена нација”, рече генералниот секретар на НАТО според кој Русија ги нарушува принципите на ОН и им се заканува на мирот во Европа.

Привремениот украинскиот премиер Арсениј Јаценук ги нарече акциите од страна на руските сили во Крим како “објавување на војна.” Говорејќи во телевизиското обраќање од зградата на парламентот во Киев, Јаценук го повика рускиот претседател Владимир Путин да “ја повлече назад војската и да се држи до меѓународните обврски”

Горниот дом на рускиот парламент гласал во полза на испраќањето војници во Автономната Република Крим, со што ќе се обезбеди ред и мир во регионот „додека да се стабилизира социополитичката ситуација во земјата