Browsing: СВЕТ

Само луд човек може да го заборави времето на Тито. Имавме слобода , леб имаше за сите а најмногу за работниците. Сега работниците добиваат по 100 или 150 евра плата, рекол Николов во изјава за агенцијата Танјуг.

Словенечката премиерка Аленка Братушек постигнала договор со коалициските партнери да поднесе оставка во понеделник, за да се создадат услови за предвремени избори во јуни , јавува AFP

Десеттина луѓе загинаа во градот Краматорск, а 30 се повредени во Украина каде утринава продолжија воените операции против проруските сепаратисти, јавува агенцијата РИА.Според информациите што стигаат од таму, сите десет луѓе се цивили

Украина ги отфрли обвинувањата на Русија дека го крши Женевскиот договор постигнат минатиот месец, нагласувајќи дека всушност Москва не презела никакви чекори за смирување на ситуацијата во источна Украина

Дел од сопствениците на кошаркарските тимови од НБА лигата се согласија дека ЛА Клиперс треба да бидат продадени на друг сопственик, откако се појави аудио-записот на кој сегашниот шеф Доналд Стерлинг говори со расизам

Во пресрет на Светскиот ден на слободата на печатот – 3.мај, Мохамед Фахми, еден од четворицата новинари на Ал Џезира кои се наоѓаат во затворите на Египет, ја доби наградата „Фридом Прес“ која ја доделува Комитетот за заштите на новинарите

Вјачеслав Пономерев, самопрогласениот градоначалник на Словјанск, вели дека два хеликоптери биле уништени и дека еден пилот бил пренесен во болница, а другиот бил убиен. Во предградието има урнати згради откако украинската војска ги нападнала од воздух и од копно