Browsing: СВЕТ
Лидерите на ЕУ утре одлучија да се соберат на вонреден самит посветен на Украина на кој тие треба да донесат одлука за замрзнување на имотите на 18 раководни украински лица помеѓу кои може да се најдат Јанукович и неговиот син.
За овогодинашната награда номинирани се рекорден број кандидати, а помеѓу 278-те поединци и организации, се наоѓаат и папата Францис, како и поранешниот службеник на Американската национална агенција за безбедност Едвард Сноуден
Земјата на Владимир Путин неколку пати беше предупредена со санкции, а лидерите на ЕУ на својата агенда на состанокот во четврток повторно ќе разговараат за можни санкции доколку не се постигне прогрес во однос на ситуацијата со Украина
„Доколку станува збор за единици за самоодбрана формирани од жителите на Крим, ние немаме контрола врз нив“, рече Лавров, кој попладнево во Париз ќе оствари средба со американскиот државен секретар Џон Кери
Државниот секретар на САД Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров треба да одржат клучни разговори за да се обидат да ги ублажат тензиите во текот на украинската криза
Русија направи успешен обид на лансирање на интерконтитентална балистичка ракета, која била лансирана од руската покраина Астрахан, недалеку од Каспискотот езеро, а погодила цел во Казахстан. Ракетата долга 20 метри има дострел од 10.500 километри
ЕУ ќе и помогне на Украина да го плати долгот од 2 милијарди евра што го должи Украина за купувањето на руски гас откако Газпром најави дека ќе го укине попустот за гас на оваа земја. ЕУ исто така може да и помогне на Украина во снабдувањето со гас.
Владимир Путин се појави денес пред новинарите, за прв пат од почетокот на украинската криза и изјави дека испраќањето на трупи во Украина во моментов не е неопходно но дека Русија си го задржува правото со сите средства да ги штити своите граѓани во оваа земја.
Маној Шарма, кој се претставил како адвокат, денеска го нападнал шефот на „Сахара“ групацијата пред Врховниот суд во Индија; според наводите, Шарма бил задржан од страна на полицијата
Откако официјално воените вежби беа прогласени за успешни рускиот претседател Владимир Путин нареди сите војници кои учествуваа во вежбите во близина на Украина да се вратат во своите бази
Затворање на границите за Русија кон Европа односно замрзнување на банкарските сметки на руската елита, се дел од механизмите кои и стојат на располагање на ЕУ со цел да ја спречи Русија од воена интервнеција во украинската област Крим
Според претставник на руските сили, тие „навикнале на секојдневните обвиненија за користењето сила против украинските сили, но дека напорите да се предизвика судир нема да успеат“















