Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Механизмите со кои ЕУ може да ја спречи Русија од воена интервенција во Украина

0
By Нова ТВ on March 3, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 3, 2014 21:18

Затворање на границите за Русија кон Европа односно замрзнување на банкарските сметки на руската елита, се дел од механизмите кои и стојат на располагање на ЕУ со цел да ја спречи Русија од воена интервнеција во украинската област Крим.

– Неколку илјади забрани за патување, и неколку десетици замрзнати сметки можат да направат голема разлика. Ако милиони урбани Руси сфатат дека упаѓањето во Украина значи и крај за летниот одмор, би можеле да подразмислат…ако богатите Руси сфатат дека нивните сметки може да бидат замрзнати, како што се случи со украинските олигарси, тоа би можело да влијае на нивните размислувања, се вели во анализата на американскиот магазин „Нова Република“.

>> Русија со ултиматум: Повлечете се или соочете се со „воена бура“

Според написот, голема улога играат и туризмот како сигурносен вентил за голем број од руската средна класа која „се држи“ до европската култура, како и школувањето на децата на руската елита во приватните училишта ширум ЕУ или Швајцарија. Неизоставен дел се и парите од сите калкулации.

-Бидејќи нема Русин кој сериозно верува во рускиот финансиски систем, богатите Руси го складираат своето богатство во европските банки. Со други зборови, рускиот општествен поредок зависи од Европа, која руската пропаганда ја исмејува, стои во анализата.

Важно е да се забележи, Русија има поголем бенефит од Европската унија, бидејќи таа важи за нејзин најголем трговски партнер. Во обратна ситуација не важи истото. ЕУ се потпира на Русија за природен гас и нафта, но во замена праќа готов производ. И доколку се влошат односите, Унијата сепак има можност за развивање фузија и други алтернативи со кои би се ослободила од вештачката зависност.

Во меѓувреме, и покрај кршењето на обврските од меѓународните договори, според известувањата на светските медиуми, земјата на Владимир Путин поставила ултиматум кон Украина за повлекување на своите сили од Крим, бидејќи во спротивно Русија е подготвена да интервенира. Наводи кои беа директно отфрлени од Москва како „бесмислени“.

>> Русија го демантира ултиматумот, ОБСЕ вечерва праќа набљудувачи во Украина

Според последните информации, Полска е земјата која повикала на итен состанок на НАТО, бидејќи според неа, кризата во Украина претставува закана за националата безбедност.

Кримската криза започна со заземањето на двата најголеми аеродрома, главниот аеродром Симферопол, и воениот во Севастопол од страна на федералната морнарица на Русија, а тензијата настана по потпишувањето на договорот за прекин на тримесечните крвави судири помеѓу претседателот Виктор Јанукович кој сеуште себе си се смета за легитимен претставник на народот, и опозициските лидери.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.