Browsing: СВЕТ

Денес Михаел Шумахер го слави својот 45 роденден кој оваа година е тажен бидејќи Германецот веќе пет дена е во кома по несреќата која му се случи. Неговите фанови планираат да манифестираат во тишина како поддрршка за својот шампион.

Според соопштението на полицијата, како што јави дописникот на МИА од Прага, експлозијата била предизвикана од експлозивна направа што се активирала кога амбасадорот Џамал Мохамед Џамал се обидел да го отвори сефот во неговата куќа

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано најави дека нема да остане на својата функција до крајот на седумгодишен мандат, туку дека ќе се повлече „веднаш штом ќе ја заврши работата“

26-годишен маж од Камиен Поморски во Полска на Нова година со своето BMW влетал во пешачката зона и прегазил осум луѓе, шест од нив починаа. Според неофицијалните информации во крвта имал два промили алкохол

Спасувањето на 52-цата патници од рускиот истражувачки брод Академик Шокалски конечно започна. Хеликоптер успеа да дојде до бродот заробен во антарктичкиот мраз повеќе од една недела

11 луѓе загнаа во терористичкиот напад во Могадишу, Сомалија откако три автомобили – бомби експлодираа во близина на хотел. Одговорност за нападите ја презеде исламистичката група Ал Шабаб – во соопштението на потсетуваат дека предупредиле да не се прославува Нова Година

Сојузната држава Вашингтон во текот на годинава ќе го следи примерот на Колорадо. Во двете сојзуни држави граѓаните се изјаснија на референдум за легализација на дрогата

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Сремска Митровица – Велики Радинци загинаа командантот на озлогласената српска паравоена единица Шкорпиони, Слободан Медиќ, неговата сопруга и 17-годишниот син

Шефот на палестинската мисија во Прага, загина при отворање на стар сеф во неговиот дом, а според една од верзиите во чешките медиуми, експлозијата се случила кога дипломатот отворил добиена поштенска пратка