Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италија: Наполитано не останува на функцијата претседател до крајот на мандатот

0
By Нова ТВ on January 2, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 2, 2014 11:59

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано најави дека нема да остане на својата функција до крајот на седумгодишен мандат, туку дека ќе се повлече „веднаш штом ќе ја заврши работата“.

-На функцијата ќе останам само толку колку што е потребно и ниту еден ден повеќе, изјави 88-годишниот Наполитано, објаснувајќи дека тоа „нема да се случи во подолг период“.

Изјавата на Наполитано доаѓа само осум месеци по надминувањето на длабоката политичка и парламентарна криза во која се најде Италија, по последните парламентарни избори. Тој помогна за надминувањето на кризата, по што прифати да остане претседател во втор мандат, што беше случај без преседан во италијанската политичка историја.

Во Рим никој не веруваше дека Наполитано на оваа возраст ќе остане претседател на државата уште седум години, но ова е првпат тој самиот да соопшти дека ќе се повлече од функција, побрзо отколку што тоа се очекуваше. Според Наполитано, тој ќе замине тогаш кога ќе оцени дека тоа ќе биде во најдобар интерес за државата.

Претседателот во Италија го избира Парламентот и тој има само протоколарна улога, но Наполитано со своето долго политичко искуство двапати досега успеа да помогне за разрешување на две кризни ситуации.

Првата, во 2011 година -по изнудената оставка на Силвио Берлускони во екот на економската и финансиската криза во Италија, претседателот наместо нови избори, успеа да обезбеди формирање на техничка Влада, предводена од Марио Монти.

Во вториот случај, Наполитано помогна да се надмине блокадата во Парламентот, откако на изборите во пролета 2013 година, ниту блокот на левицата, а ниту на десницата, не успеаја да одбезбедат доволно пратенички места за формирање стабилна Влада.

Наполитано како компромисно решение мандатот за состав на владата на големата коалиција му го додели на Енрико Лета и обезбеди продолжување на реформите што ги започна владата на Монти.

Неопходните реформи, а пред се донесувањето на нов закон за избори, е она на што инсистира италијанскиот претседател пред повлекувањето. Опозицијата бара нови избори пролетва и го обвинува Наполитано дека дејствува „над своите овластувања“, но тој инсистира изборите да се одржат по донесувањето на новиот изборен закон.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.