Browsing: СВЕТ

Советот за безбедност на ОН, за вечерва закажа вонредна седница по повод ситуацијата во Сирија, откако Сириската главна опозициска група, тврди дека во денешниот напад на силите на режимот на Асад со хемиско оружје убиени се повеќе од 650 лица

За време на една од малубројните приватни посети на папата во пензија, Бенедикт XVI, кога му било поставено прашањето зошто одлучил да се пензионира одговорил „Зашто Господ тоа ми го порача“

Со жалење морам да ја разочарам оваа институција и јавно да соопштам дека мојот дедо не постоел , туку бил производ на хипнозитираната маса која, за да ја зафркне ЦИА го измислила својот „Волшебник од Оз“, напиша на ФБ Саша Броз

На границата со Либија уапсен е висок функционер на Братството, Сафват Хегази, баран за поттикнување насилство; на аеродромот во Каиро минатата вечер, додека се обидувал да среди лет за Италија, уапсен е и портпаролот на Муслиманското Братство, Мурад Али

Повеќето од нас го земаат Интернет здраво за готово. Но, мислете на оние на кои Интернет пристап би им значел, тоа се до 5 милијарди луѓе кои во моментов го немаат. Тоа е идејата за новата кампања, internet.org, предводена од Фејсбук основачот Марк Цукерберг

Јапонија повторно има проблеми во Фукушима- од хаварисаната нуклеарка повторно истекле стотици тони загадена вода, која според мерењата, е високо радиоактивна

Број 10 бил вклучен во разговорите со Гардијан за материјалите кои го доби од американскиот протекувач Едвард Сноуден, јавува. Премиерот Камерон му наредил на високиот државен службеник Сер Хејвуд да контактира со весникот

Во интерес на Србите е да учествуваат на локалните избори на Косово на 3ти ноември, во спротивно идната Заедница на српските општини ќе биде во состав на некои други, можеби дури и Албанци, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ