Browsing: СВЕТ

После полноќ демонстрантите се разидоа но за денеска се закажани нови протести. Од Стожер за обнова на хрватскиот Вуковар веат дека на протестот ќе учествуваат бранителите од сите делови на Хрватска

Постои взаемна желба да се прошират политичката и економската соработка на Србија и Франција, заклучија денес францускиот министер за европски прашања Тјери Репентан и српскиот премиер Ивица Дачиќ

Обидот за поставување на таква двојазична плоча на зградата на државната управа беше попречено од страна на демонстрантите, кои ја отстраниле двојазичната плоча со викотници и туркнацини, а при тоа повредена е една полицајка

Американскиот носач на авиони на нуклеарен погон, Нимиц и бродови од негова борбена придружба, се упатија на запад кон Црвеното Море за да дадат поддршка за можен американски ограничен воен удар врз сирискиот режим

Единствениот предизборен телевизиски дуел од 90 минути, кој го водеа четворица модератори, на канцеларката Ангела Меркел и нејзиниот ривал од СПД, Пер Штајнбрик протече мирно, како и всушност самата изборна кампања

Косовската влада бара да заврши мисијата на Еулекс, nабљудувачите се сомневаат дека институциите на Косово ќе можат сами да се борат против корупцијата и криминалот и да се занимаваат со истрага на воени злосторства јавува Дојче Веле.

Mинистерот за надворешни работи на САД, Џон Кери тврди дека имаат докази дека во случајот со нападот со хемиско оружје кај Дамаск е употребен отровниот гас сарин