Извршниот директор на Луфтханза, Карстен Спор на прес-конференција за урнувањето на авионот на Германвингс изјави:
Ако човек се убие себеси и уште други 149 луѓе загинат, треба да се користи друг збор – не самоубиство “, јавува Си-Ен-Ен.
Луфтханза, која е сопственик на Германвингс обезбедува “финансиска поддршка” на роднините на жртвите на Германвингс лет 9525, рече Спор. Тој одби да даде други детали.
Спор потврди дека ко-пилот Андреас Лубиц го спречил капетанот да влезе во кабината, по паузата земена за да оди во тоалет, што предизвика урнување на Ербас А320 во која загинаа сите 150 патници и екипажот.
Прес-конференцијата на Карстен Спор
Спор изјави дека компанијата е во целосен шок. Тоа е “надвор од нашиот најлош кошмар”, изјави тој за новинарите во Келн. “Тоа не остава апсолутно без зборови”, рече тој. “, Не би не-можел да замислам полоша ситуација.”
Спор рече дека и покрај катастрофата, Луфтханза има целосна доверба во обуката на пилоти и скрининг процедурите. Тие, сепак, ќе бидат разгледани, рече тој.
За разлика од САД, Европската регулатива не обезбедува двајца луѓе да бидат во пилотската кабина во исто време, рече Спор. Луфтханза доброволно нема спроведено една ваква протокол, и Спор рече дека тој нема податоци дека конкурентите на компанијата имаат таква постапка.

Ко-пилотот Лубиц
Ко-пилотот Андреас Лубиц на урнатиот авион на Француските Алпи на компанијата Германвингс, “го забрзал слетувањето во намерен обид да се уништи авионот”, претходно изјави обвинителот од Марсеј, Брис Робин, јавува Си-Ен-Ен.
Аудиото од пилотската кабина на авионот открива дека еден од пилотите отишол во тоалет и подоцна, откако ко-пилотот не му ја отворал вратата од кабината, се обидувал да ја сруши минути пред ударот, објави Гардијан.
Лубриц нормално дишел и последните 10 минути не зборувал ништо- “апсолутна тишина пред да падне авионот.”
Ко-пилот, Андреас Лубиц , беше жив до конечниот пад, додаваат марсејскиот обвинител, како што јавува Би-Би-Си.

Домот на Лубиц, каде полицијата врши истрага
“Слушаме како пилотот побарал од ко-пилотот да ја преземе контролата на авионот и слушаме во исто време звук на седиште кое се движи наназад и звук на затворање на вратата”, изјави марсејскиот обвинител на новинарите.

Клаус Радке, претседателот на авио-клубот ЛСЦ Вестервалд, каде член бил копилотот Андреас Лубиц, за Асошиејтед прес кажа дека тој ја отфрла оценката на францускиот обвинител дека Лубиц намерно го урнал авионот во Алпите. “Јас не гледам како некој може да извлече такви заклучоци пред истрагата воопшто да биде завршена.”
Членови на LSC Westerwald клубот претходно изјавија дека г-дин Лубиц добил пилотска дозвола за едрилица како тинејџер и дека тој не покажувал знаци на депресија, кога тој ја обновил оваа лиценца во есен.




