Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Часовник на апокалипсата: Уште само 2.30 минути до крајот на светот

0
By Нова ТВ on January 26, 2017 СВЕТ
Closeup of hands on clock face
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Часовникот на апокалипсата беше поместен напред за 30 секунди, на 2 минути и 30 секунди пред полноќ, објавија вчера еминентни научници и пренесува агенцијата АФП. Причината е воената реторика и акциите на Доналд Трамп. Или, накусо, самото доаѓање на власт на Трамп.

Станува збор за познатиот часовник на апокалипсата на Билтенот на научниците за атомска енергија. Часовникот никогаш не бил толку блиску до клучна експлозивна точка, фиксирана на полноќ или “крајот на светот”.

Тој бил креиран во 1947 година. Досега бил поместуван 19 пати. Во 1953 година бил ставен полноќ без две минути во моментот кога СССР ја експлодираше својата прва атомска бомба со што беше означена трката со нукеарно оружје. Часовникот најдалеку од полноќ бил во 1991 година, на крајот на Студената војна.

Лоренс Краус  и Томас Пикеринг, двајца еминентни научници

Денес научниците велат дека се загрижени поради “силниот пораст на национализмот во светот, изјавите на Доналд Трамп за нуклеарно оружје, глобалното затоплување и влошувањето на светската безбедност во контекст на се пософистицирани технологии”.

Според нив, изјавите и акциите на Трамп за време на транзицијата се во тотален расцеп со политиките на неговите претходници. Во декември Трамп изјавил дека има намера да го зголеми американскиот нуклеарен потенцијал.

Милијардерот исто така покажал “загрижувачка тенденција за игнорирање и отфрлање на советите на експертите за меѓународна безбедност вклучително и заклучоците на американските разузнавачи” за руското мешање во американската изборна кампања. Научниците се прашуваат дала ова значи дека во опасност е ставена демократијата, изјави Лоренс Краус, физичар од Универзитетот во Аризона.

Часовникот покажува исто така загриженост поради именувањата во Министерството за енергија и Агенцијата за заштита на животната средина кои ги доведуваат во прашање основите на науката за климатологија во моментот кога глобалното затоплување претставува голема закана за идните генерации.

САД и Русија поседуваат 90 отсто од нуклеарното оружје во светот. Двете земји продолжуваат со модернизација и зајакнување на нивниот нуклеарен потенцијал без какви и да е преговори.

Освен САД и Русија, проблем е и Северна Кореја која изведе два нови подземни нуклеарни тестови и најавува дека ќе продолжи со нив за да добие ракети способни да носат нуклеарни глави.

“Путин и Трамп велат дека имаат почит една за друг и можат да се договорат да се однесуваат како државници или како агресивни деца кои се закануваат да го доведат светот во опасност”, вели Краус. Тој ги повика сите во светот “јасно и гласно да им испратат порака на сите лидери за да се сочува иднината на нашите деца”.

 

Билтен на научниците за атомска енергија Доналд Трамп климатски промени нуклеарно оружје часовник на апокалипсата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.