Published: Wednesday, May 17, 2017 14:14
Транссексуалецот Челси Менинг, некогашен војник на американската војска, е ослободен од затвор, каде помина 7 години, поради оддавање на доверливи дипломатски воени документи на Викиликс.
Веста дека Менинг го напушти воениот затвор во Канзас за Би Би Си ја потврдил портпаролот на американската војска.
Челси Менинг, која е родена како маж и се викаше Бредли Менинг, осудена е во 2013 година на 35 години затвор, но беше помилувана во јануари годинава од претседателот Барак Обама.




