Чешка во четвртокот забележа 10.395 нови случаи на ковид-19 и по третпат оваа недела го надмина прагот од 10.000 случаи на дневно ниво, покажаа денеска податоците на Министерството за здравство.
Бројот на хоспитализирани пациенти поради коронавирусот се намали на 3.557 од кои 542 се наоѓаат во тешка состојба, објави „Ројтерс“. Чешката Република има 10,7 милиони жители.