Министерот за внатрешни работи на Чешка, планира да распореди чешка полиција на границата помеѓу Србија и Унгарија поради бранот мигранти кои најчесто завршуваат во Австрија.
– Ние не сакаме да ни се случи иста ситуација и затоа е потребно зголемување капацитетот на прифатните центри. Ќе се обидеме да го зголемиме капацитетот за уште неколку илјади, но исто така мора да решиме како бегалците да се вратат во своите земји, изјави министерот Милан Хованец.
Хованец оцени дека со проблемот со имигрантите се соочуваат Италија и Грција, каде што неодамна пристигнаа голем број бегалци, но исто така и Унгарија.
Тој додаде дека до Унгарија секој ден доаѓаат околу 1.500 мигранти, но до местото од каде доаѓаат се враќаат само 10-30.
Минатата недела, Словачка вети дека на југот на земјата ќе обезбеди привремено сместување на 500 бегалци кои бараат азил во Австрија, што наиде на негодување на жителите во тој крај. Против прифаќањето на бегалците од југ се исто така повеќето Чеси.




