Published: Thursday, October 25, 2018 09:29
Чешкиот претседател Милош Земан ги навреди новинарите со непријатна шега во врска со саудискиот новинар Џамал Кашоги, кој е убиен во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.
– Ги сакам новинарите и можеби ќе ги повикам на вечера во саудискиот Конзулат, рече Земан.
Не е првпат тој да упати навредливи изјави кон новинарите. Во една прилика, на состанок со рускиот претседател Владимир Путин се пошегува дека има премногу присутни новинари и дека треба „да се ликвидираат“.
Чешките политичари веднаш регираа на изјавата на Земан.
-Непромислен срам, напиша на Твитер европратеникот Павел Телицка.
Лидерот на конзервативната партија ТОП09 Јири Поспишил коментираше дека ниту смртаа на невин човек не му е света работа на претседателот.




