Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четири фирми кои добија грант пријавиле поврзаност со функционери

0
By Соња Петрушевска on August 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓу компаниите кои пријавиле до Фондот за иновации дека во својата сопственичка структyра имаат носител на  јавна функција се и фирми поврзани со поранешниот министер без ресор Веле Самак и поранешниот амбасадор Јован Донев.

На повикот од Фондот за иновации, компаниите апликанти – добитници на средства од првиот повик од Планот за економски раст да се изјаснат дали во својата сопственичка структура имаат носител на јавна функција или член на негово потесно семејство, се пријавиле четири фирми.

Изјави поднеле компаниите: „Микросам Прилеп АД“ – Веле Самак, акционер, министер без ресор, задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, функцијата ја извршувал заклучно со 30.05.2017 година.

„Контура ДОО Скопје“ – Елена Донева, сопственик, член на потесно семејство на Јован Донев поранешен амбасадор во МНР на Република Македонија, функцијата ја извршувал заклучно со 28.02.2017 година.

Т-Сенс консалтинг ДОО Скопје“ – Мерита Адеми, малцински содружник, член на потесно семејство на Асаф Адеми, министер за култура во Владата на Република Македонија од 01.06.2018 година. Од страна на компанијата до Фондот е доставено и известување за извршена промена на сопственичката структура односно бришење на лицето Мерита Адеми.

Како дополнение на изјавата, во посебен документ, лицето Христина Керкез, еден од сопствениците на „Декодикс ДОО експорт – импорт“ Скопје декларира поврзаност, како член на потесно семејство на Цветанка Ласкова, посебен советник во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија, иако посочената советничка не е носител на јавна функција.

Инвестициските проекти на овие четири компании, како што велат од Фондот за иновации и технолошки развој, ќе бидат повторно доставени на разгледување до Комитетот за одобрување на инвестиции, според критериумите за селекција и согласно правилниците на повикот.

Од Фондот за иновации објаснуваат дека на повикот се пријавиле и фирми кои се поврзани со поранешни функционери, затоа што „носител на јавна функција, според дефиниција е секој кој бил на јавна функција, две години по разрешувањето или завршувањето на мандатот“.

За следниот јавен повик, секоја компанија при аплицирањето ќе треба да декларира дали во сопственичката структура има лица кои се носители на јавни функции. Ова следува по реакциите во јавноста околу распределбата на грантовите на Фондот на кој аплицираа 235 компании, а во првиот инвестициски план беа одобрени проекти на 79 фирми.

Во меѓувреме вицепремиерот Кочо Анѓушев ги повика своите бизнис партнери да се откажат од сумата од 160 илјади евра, пари кои преку државниот Фонд за иновации ги доби фирмата Каст инвест каде малцински ко-сопственик е  Анѓушев.

И печатницата „Гинис“ од Прилеп каде еден од ко-сопствениците е пратеникот Хари Локвенец се откажа од државните субвенции што ги доби од Фондот за иновации.

Јавното обвинителство за организиран криминал  најави дека ќе испитува дали Фондот за иновации и технолошки развој направил злоупотреби при доделување на грантови.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас.Обвинителството презема дејствија за утврдување на факти во предметот, а во врска со евентуални сторени кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст – прв инвестициски бран“ соопштија од Обвинителството.

Со останатите компании од првиот инвестициски бран што доставиле изјава во која нема носител на јавна функција и/или член на негово потесно семејство во сопственичката структура ќе се склучат договори за реализација на инвестициските проекти.

Исплатата на средствата, согласно процедурите на Фондот, ќе се реализира квартално. Првата рата ќе се исплати веднаш по потпишување на договорите и откако фирмата ќе достави доказ дека е уплатен нивниот финансиски удел.

 

 

 

Кочо Анѓушев обвинителство фирми Фонд за иновации Хари Локвенец
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.