Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четири години по Буча: злосторство, негирање, награда, неказнивост – и помнење

0
By Zoran Ivanov on March 31, 2026 ВОЈНА ВО УКРАИНА, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 31, 2026 13:14

Четири години подоцна, останува горчливото сознание: злосторствата се извршуваат брзо, но нивното признавање и санкционирање се одвива бавно. Во тој временски јаз, се создава простор за негирање, за релативизација, за „балансирање“ меѓу злосторниците и жртвите – нешто што не значи неутралност, иако така се претставува, туку е тивко потчинување и сојузништво со злосторниците.

Џабир Дерала

Четири години по масакрот во Буча, светот повеќе не може да каже дека „не знаел“. Сликите, сведоштвата и доказите се тука – проверени, документирани и потврдени од релевантни меѓународни извори. Но, освен самото злосторство што тешко се опишува со зборови, останува длабоко вознемирувачки е да се види колку светот е бавен кога треба да ги отвори очите и да разбере. Уште побавен е кога треба да донесе правда.

Во првите денови по откривањето на масовните убиства, напишав текст во кој се обидов барем приближно да ја преточам бруталната реалност во зборови – „Разгледница од пеколот на земјата“. Не се обидов да анализирам, туку само да посведочам. Денес, четири години подоцна, тие слики не само што не избледуваат, туку добиваат дополнителна тежина – затоа што видовме што уследи потоа – веќе петта година војна на агресија исполнета со грозоморни злосторства против цивилите и воените заробеници.

Уште тогаш, ЦИВИЛ – Центар за слобода беше меѓу првите во светот што јавно и недвосмислено ги осуди злосторствата на рускиот агресор врз украинските цивили. Во време кога дел од јавноста и политичките елити сѐ уште бараа „контекст“ или „воздржаност“, нашиот став беше јасен: станува збор за воени злосторства.

Паралелно со откривањето на масовните гробници, телата на улиците и сведоштвата за тортура, силување и егзекуции, започна и втората фаза на злосторството – неговото негирање. Руските официјални претставници и пропагандни канали почнаа агресивна кампања на дезинформации, тврдејќи дека снимките од Буча се „режирани“ или „нарачани“ од Западот. Во паралелна линија, се ширеа апсурдни и цинични наративи дека „мртвите тела се движат“ или дека станува збор за инсценација.

Овие дезинформации беа систематски дел од стратегијата – продолжение на злосторството преку системите за јавно информирање и креирање на јавното мислење. Како што беше документирано и анализирано, лагите за Буча беа токсични, координирани и насочени кон релативизирање на одговорноста и заматување на вистината.

Најциничниот момент дојде кога рускиот диктатор Владимир Путин ја одликуваше воената единица поврзана со злосторствата во Буча. Тоа не беше само политичка порака – тоа беше институционализација на неказнивоста. Награда за крвожедноста и ѕверствата. Легитимација на злосторството.

ОД НЕГИРАЊЕ ДО ГОРДОСТ: КОГА ЗЛОСТОРСТВОТО СТАНУВА БРЕНД | Од Буча до продавница: пропагандата не само што лаже, туку и се продава. Фотографија од комерцијален производ со симболот „Z“, кој стана знак на руската воена агресија врз Украина, и слоганот „#МнеНеСтыдно“ („Не ми е срам“). Ова не е само облека. Ова е порака. Порака дека злосторството не само што се негира, туку и се прифаќа, оправдува и се носи како обележје на „гордост“. Во контекст на масакрот во Буча и бројните документирани воени злосторства, ваквите симболи ја претставуваат последната фаза на пропагандата: нормализација на насилството и морална инверзија, во која злосторството се претвора во идентитет, а отсуството на срам – во политички став.

Четири години подоцна, останува горчливото сознание: злосторствата се извршуваат брзо, но нивното признавање и санкционирање се одвива бавно. Во тој временски јаз, се создава простор за негирање, за релативизација, за „балансирање“ меѓу злосторниците и жртвите – нешто што не значи неутралност, иако така се претставува, туку е тивко потчинување и сојузништво со злосторниците.

Тука, кратко за оние што, кога говориме за Украина – денеска конкретно за Буча – коментираат со: „а Газа?“ Тоа не е аргумент. Тоа е релативизација. Тоа е whataboutism. Тоа е пропагандна техника чија цел е да ги замагли фактите, да ја разреди одговорноста и да ја оттурне вистината во магла на лажна „рамнотежа“.

Ги помниме сите злосторства. Сите се подеднакво ужасни. И геноцидот во Руанда (1994), и геноцидот во Сребреница (1995), и етничкото чистење и злосторства во Косово (1998-1999), и масакрот во Сабра и Шатила (1982), но и и масакрот на Хамас врз цивили во јужен Израел (2023). И многу други. Да, и многу други. Токму затоа што ги паметиме – одбиваме да дозволиме едно злосторство да се користи за прикривање или релативизирање на друго.

Буча останува симбол на страдањето, но и тест за меѓународниот поредок, за правдата и за способноста на демократските општества да се спротивстават на подлите лаги на злосторничкиот режим. И секој обид ова да се претстави како „сложен конфликт со повеќе вистини“ не е израз на аналитичка зрелост или правдољубивост, туку на морална капитулација. Да се изедначуваат злосторството и жртвата не е анализа – тоа е избор на страна.

Затоа, да се одбере да не се гледа е избор. Да се одбере да се релативизира е позиција, став. А да се одбере да се верува дека вистината е „некаде на средината“ – во вакви случаи – значи да се застане на страната на злосторството.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

буча Украина Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.