Четири лица загинаа откако два авиона денеска се судрија во близина на аеродромот „Норт Лас Вегас“.

Авионот од типот „Пајпер ПА-46“ се подготвувал за слетување кога се судрил со „Цесна 172“. Авионот „Пајпер“ паднал во поле крај пистата, додека леталото „Цесна“ паднало во блиското езеро.

Во тек е истрага за причините за несреќата.