Амбасадата на Република Унгарија во Македонија на издавачката куќа Или-Или ќе ѝ додели благодарница за промовирање на унгарската литература и култура.

По тој повод ќе бидат промовирани книгите „Дневник“ од Геза Чат, „Филозофија на виното“ од Бела Хамваш, „Комунистот Монте Кристо“ од Ноеми Сечи и „Крајот на еден семеен роман“ од Петер Надаш во издание на Или-Или и во превод од унгарски на Анамарија Цинеге-Панзова и Златко Панзов.

Книгите од современите унгарски автори ќе ги претстави Александар Прокопиев.

Промоцијата ќе се одржи вечерва, во 19 часот во просториите на Друштвото на Унгарците „Теледом“ во Скопје.