Две лица од Скопје на возраст од 79 години, односно 63 години, и по едно лице од Прилеп (67 години) и Велес (58 години) се најновите четири смртни случаи од ковид-19 во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, информираат од Министерството за здравство (МЗ).
Од МЗ посочуваат дека се регистрирани и три оздравени пациенти од ковид-19 во Штип кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.
Во изминатите 24 часа, истакнуваат од МЗ, се дијагностицирани 26 нови случаи на коронавирус во земјава или по градови: Скопје – 4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово – 4, Велес – 2, Кочани – 1 и Пробиштип – 1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 854 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:
Скопје – 316
Куманово – 211
Дебар – 49
Штип – 27
Прилеп – 75
Тетово – 37
Струга – 43
Велес – 32
Битола – 9
Охрид – 4
Кавадарци – 3
Гостивар – 8
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка – 3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 22
Пробиштип – 2
Во изминатото деноноќие се направени 330 теста. Преку Институтот за Јавно Здравје – 317, преку Ветеринарен факултет – 13, „Авицена“ – 9, „Биотек“ – 24 и „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.552 тестирања на ковид -19.