Четири пожари беснеат во Скопје и неговата околина. Како што дознава Нова ТВ од противпожарната единица пожар има кај Сити Мол, на улицата Јордан Мијалков во станбена зграда и пожари кај Радуша и Јурумлери.
Засега причините за пожарот се познати само за оној на улицата Јордан Мијалков, кој настанал од запалена машина за перење.
Противпожарната единица уверува дека успешно се справува со гаснењето на огнот.