Со денешните квалификации во Оберсдорф стартува 67 издание на новогодишната турнеја „Четири скокалници“. Натпреварот за бодови е утре по што најдобрите ски-скокачи ќе се преселат во Гармиш Партенкирхен на 1 јануари.
Втората половина од турнеја по традиција е во Австрија. На 4 јануари на програмата се скокови во Инсбрук, а два дена подоцна ќе биде промовиран и севкупниот победник во Бишофсхофен.
Победник на последното издание на „Четири скокалници“ е Полјакот Камил Штох. Лидер во генералниот пласман во Светскиот куп моментно е Германецот Рихард Фрајтаг со 550 бода пред сонародникот Андреа Велингер со 399 и Норвежанецот Танде со 356.