Четири жени освоија места во општинските совети во Саудиска Арабија во првите избори кои беа отворени за учество на жените и како гласачи и како кандидати. Ал Џезира потврди дека во три општини веќе има избрано жени советници.
Ова се случи откако годинава, една од најзатворените држави во светот во однос на правата на жените, реши да ја укине забраната за жените гласачи. Според комисијата, како кандидати на изборите биле регистрирани вкупно 978 жени и 5,938 мажи. Се верува дека можност за гласање имале 1.35 милион мажи и 130 000 жени, јави Индепендент.
Малиот број регистрирани жени кои можеле да гласаат се припишува делумно на недостатокот на транспорт бидејќи жените се уште немаат законска дозвола за да управуваат со автомобили во Саудиска Арабија.
Одржувањето на први избори на кои право да се кандидираат и да гласаат имаат и жените, се смета за голем чекор кон намалување на ограничувањата за жените во оваа земја. Мажите и жените сепак гласале одвоено на гласачките места.




