Published: Thursday, April 30, 2015 20:10
Во Непал бројката на загинати достигна до речиси 5.500, но денешната приказна за спасувањето на четиримесечно бебе ги зголеми надежите дека сè уште има преживеани под урнатините.
Покрај бебето, во Катманду денеска беше извлечена и една жена од под урнатините на една зграда.
Претходно беше спасено и 15-годишно момче, затрупано под хотелот. Тоа имало среќа при уривањето хотелот бидејќи се наоѓало во лифт.
Надвор од Катманду, помош се испраќа претежно со хеликоптер, бидејќи патиштата се блокирани од свлечиштата.




