Published: Tuesday, May 12, 2015 11:32
Најмалку четири лица загинаа при новиот силен земјотрес од 7,4 степени според Рихтеровата скала што денеска го потресе Непал, само две недели по земјотресот во кој животот го загубија повеќе од 8.000 луѓе.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, 81 километар источно од непалската престолнина Катманду.
Потресот се почувствувал и во Индија и Бангладеш.




