Четири лица се ранети за време на традиционалниот карневал „Марди Гра” во Њу Орлеанс,кога непознат напаѓач отворил оган, јавува „Асошиејтед прес“ повикувајќи се податоци од полициски извори.

Двајца мажи и две жени се повредени во инцидентот, кој се случи на преполната авенија Бурбон, по која секоја година минува карневалската поворка.

Состојбата на еден од ранетите се оценува како критична и бил итно опериран, додека другите биле во стабилна здравствена состојба.

Полицијата трага по напаѓачот и сè уште нема објаснување за мотивите за нападот.