Published: Monday, December 11, 2017 16:24
Четворица луѓе се повредени и никој од нив не е во животна опасност, соопштија властите во Њујорк по денешната експлозија во метро близу Тајмс Сквер.
Полицијата го именуваше 27-годишниот Акајед Ула за одговорен, чии мотиви за аматерксата експлозивна направа да ја постави во метрото, се уште се непознати
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио денеска ја смируваше јавноста дека нема други закани за Њујорк и дека луѓето се безбедни.
„За сега знаеме само за еден индивидуалец кој за среќа беше неуспешен во својата цел“, изјави градоначалникот.
Истрагата на полицијата е во тек.




