Четворица сноубордери загинаа вчера во лавина што се урна врз скијачкиот центар Тигнес на француските Алпи, објавија локалните власти по завршувањето на операцијата за спасување и веруваат дека тоа е конечниот број на жртвите.
Несреќата се случи во време на училишните празници и врвот на скијачката сезона.
Жртви на оваа лавина, за која сведоците, тврдат дека била околу 40 метри се 59-годишен инструктор, еден 48 годишен човек и неговите два сина на возраст од 15 и 19 години. Сите се пронајдени под големи количини на снег.
Лавината се случи надвор од скијачките стази, на висина од 2100 метри.