Лина Ѓорческа ја забележа четвртата турнирска победа во дубл во 2019 година. Најдобрата македонска тенисерка во моментот и нејзината партнерка Кристина Дину од Романија ја поразија српско-шпанската комбинација, Олга Даниловиќ/Георгина Гарсија Перез со 4:6, 7:5, 10:7 во финалето на ИТФ турнирот во Хехинген, Германија што се играше за награден фонд од 60.000 долари.
Ѓорческа од почетокот на годината победи во дубл и на турнирите во Есен, Германија, во Минск, Белорусија и во Гечо, Шпанија заедно со Русинката Анастасија Комардина со која играа финале и во Истад, Шведска.