Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четвртиот мандат на Меркел – најголемиот тест во кариерата

0
By Нова ТВ on November 21, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 21, 2016 14:40

Со објавувањето дека ќе се бори за четври мандат, германската канцеларка Ангела Меркел можеби е пред најголемиот тест во кариерата – да го одбрани европскиот и трансатлантскиот „статус кво“ во светло на несигурноста и на едниот и на другиот блок, оценува агенцијата Ројтерс.

Меркел во неделата соопшти дека е подготвена повторно да се кандидира.

Меркел (62) која е канцелар веќе 11 години сега има задача да ја „закотви“ западната алијанса разнишана со победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД и да ја врзе поцврсто ЕУ на која и се заканува распад, констатира британската агенција во анализата.

– Со заминувањето на претседателот Обама, Меркел за Западот останува единствената и последната надеж на либералната демократија, пишва Ројтерс, констатирајќи дека тоа можеби е преголем товар за неа.

– Ако избере да продолжи, ќе понесе голем товар. Би сакал да бидам таму и да олеснам на некој начин, но таа е силна, изјави американскиот претседател во заминување Барак Обама за време на недамнешната посета на Берлин.

За да успее на меѓународната сцена во четвртиот мандат, Меркел прво мора да ги „изглади“ односите на поделба поради својата политика на „отворени врати“ кон бегалците, смета Ројтерс.

merkel1

Во случај повторно да биде избрана, што и се очекува, Меркел ќе има голема одговоност – од разговори со претставниците на Велика Британија за излез од ЕУ, преку смирување на тензиите во Турција и унапредување на односите со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Најголем предизвик веројатно ќе биде интеграцијата на бегалците од Блискиот исток во поделеното општество и зачувување на Европа како моќна економија.

Првпат за канцеларка Меркел е избрана во 2005 година, а доколку победи на изборите следната година и остане на оваа функција цел мандат, таа ќе се изедначи со нејзиниот ментор Хелмут Кол, кој на местото канцелар помина 16 години.

Точниот датум на изборите во Германија се уште не е утврден, но се претпоставува дека ќе бидат одржани меѓу 23 август и 22 октомври следната година.

Кој ќе и биде противкандат?

Германската Социјалдемократска партија (СДП) изложена е на притисок да одлучи кој ќе биде кандидатот што ќе и се спротивстави на Меркел.

Партијата на левиот центар имаше канцелар до 2005 година, кога изгуби од Меркел, а по изборите во 2013 влезе во коалициска влада со партијата на Меркел ЦДУ.

sulc

Лидерот на СДП Зигмар Габриел, потпретседател на Владата и министер за економија, се уште не одлучил кого ќе го кандидира за канцелар. Како можен и многу сериозен кандидат, се смета и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Шулц помогнал СДП на изборите за Европскиот парламент да оствари еден од најголемите успеси претходните години, но малку е познат дома во Германија.

Потпретседателот на СДП Ралф Штегнер изјави дека Габриел ќе предложи кандидат навреме, но дека партијата нема да дозволи да биде под притисок.

– Ќе донесеме исправна одлука со која ќе имаме добри шанси да ја понедиме Унијата, изјави Штегнер неодамна.

zigmar

Според истражувањето на јавното мислење, Социјалдемократите заостануваат зад партијата на Меркел за 10 проценти, а нивниот успех би можел да зависи од левичарскиот сојуз со партиите на Зелените и Левицата.

Коалицијата на левичарските партии, дури и ако победи на изборите, не е лесно остварлива, бидејќи Левицата настана со противењето на економските реформи кои ги спроведуваше токму владата под водство на СДП.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

ВЕСТИ June 6, 2026

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови…

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.