Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четврто издание на фестивалот МакеДокс

0
By on June 9, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 9, 2013 12:01

Четвртото издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, годинава ќе се одржи од 15. до 21 јуни во Старата скопска чаршија. Публиката ќе има можност да погледне вкупно 27 остварувања од светската документарна продукција

Овогодинешните документарни теми ќе бидат поделени во четири програмски целини: главна програма, нови автори, балкански документарци, краткометражни документарни филмови. Локациски и оваа година фестивалот ќе се оддржи во Куршумли Ан, каде ќе бидат организирани повеќето случувања, а новитет за оваа година се репризите на филмовите кои ќе се оддржат во Младински Културен Центар (МКЦ).

Поделени во четири натпреварувачки категории, документарните филмови ќе бидат оценети и наградени од различни жириа. Официјални награди на МакеДокс се:
– Кромид- за најдобар филм во меѓународната натпреварувачка програма
– Млад кромид- за најдобар филм на нов автор (прв или втор филм)
– Кокарче- за најдобар филм за деца и млади
– Награда за филм за најдобри Етички идеи

И оваа година составен дел од фестивалот се работилниците, дискусиите под смоква, мастер клас, вечерните DJ сетови, изложбите. За време на фестивалските денови ќе бидат присутни околу 40тина истакнати режисери, продуценти, луѓе од меѓународната документарната филмска индустрија кои ќе ги претстават своите филмови и ќе ги споделат искуствата од својата работа.

„Значајно е да се споменат и нашите целогодишни активности наменети да го поддржат образовниот систем во Македонија. Имено, како дел од проектот „МакеДокс во училница“, кој е поддржан од страна на Националната дотација за демократија (National Endowment for Democracy) од Вашингтон и „Пипл ин нид“ (People in Need) од Прага, во март го издадовме нашиот образовен првенец: Прирачник за користење на документарни филмови во наставата, наменет за наставници по граѓанско образование и социологија во средните училишта во Република Македонија. Деветнаесет наставници од осум градови во Македонија беа обучени и користеа документарни филмови како дел од пилот-фазата на овој проект“, велат организаторите на фестивалот.

Фестивалот и оваа година ќе го продолжи своето патување низ Македонија.

„Со нашето Патувачко кино повторно ќе се обидеме да ги децентрализираме културните случувања и да им донесеме одредена културна доза и на останатите места“, велат од Македокс.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.