Српскиот чипс „Чипси Веј“, кој се произведува во Чачак, убедливо најмногу се извезува во Македонија.

– Најмногу производи извезуваме во Македонија и Црна Гора, а идната недела ќе тргне и шлепер за БиХ – изјави за Танјуг директорот на компанијата Томислав Бајевиќ, кој додаде и дека четири шлепери веќе се испратени и на Косово.

Македонија е и единствена земја каде што компанијата има свое претставништво за разлика од другите извозни дестинации каде работи со застапници.

„Чипси Веј“ извезува по 7 шлепери чипс месечно и има капацитети да произведе 480 килограми чипс и 150 килограми флипс на час на една фабричка лента, а во моментов во функција се две.

Од земјоделците во околината на Чачак има договори за откуп на 6 милиони килограми компири. Вработува 66 работници, а се очекуваат и нови вработувања со оглед на фактот што обемот на производството постојано се зголемува.