Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Член на Избирачки одбор во Јегуновце изврши притисок и дискредитација на набљудувач на ЦИВИЛ: Детали за случајот

0
By Marija Todorovska on May 8, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Набљудувачка на ЦИВИЛ извести дека, додека се легитимирала на Избирачко место 2118 во  П.О.У. „Александар Здравковски“ во с. Јанчиште, општина Јегуновце, член на Избирачки одбор, извесен Александар, со висок тон се обратил со зборовите: „Какво е ова НВО, СДСМ ги финансира, Џабир само за СДСМ пишува, Сорос ги финансира, Заев ги финансира, они ли ќе набљудуваат!?“

Наспроти непријатната ситуација, на набљудувачката ѝ било дозволено да присуствува во Избирачкото место и да продолжи со својата работа.

ЦИВИЛ упати остар протест поради ваквото однесување на членот на Избирачкиот одбор.

„Ваквото однесување е неприфатливо!“, рече претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, на првата прес конференција во 10:30 часот денеска.

Од ЦИВИЛ навестија дека за овој случај ќе ги известат Државната изборна комисија и сите релевантни странски и домашни организации и мониторинг мисии, уште во текот на денешниот ден.

Воедно ЦИВИ најостро ги демантира наводите на членот на ИО.

„Токму тие што ги наведува во изјавата не биле финансиери на нашата организација. Финансиерите на организацијата се транспарентно наведени на медиумската платформа на ЦИВИЛ“, рече Дерала на прес конференцијата.

ЦИВИЛ работи во служба на јавниот интерес, државата, Уставот, Изборниот законик  и во служба на демократските принципи и стандарди. ЦИВИЛ е дел од граѓанското набљудување и ужива огромна доверба и поддршка во земјата и во странство.

ЦИВИЛ остро и со индигнација ги отфрла ваквите напади кои имаат цел да ја дискредитираат организацијата и да ја спречат работата на организацијата. Воедно, ЦИВИЛ бара од ДИК и од другите надлежни институции да преземат мерки во рамките на законот и да спречат вакво однесување и во однос на нашите набљудувачи, како и во однос на било кој набљудувач, било да е домашен или странски.

гласање Избирачки одбор избори Јегуновце набњудувач Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.