Земјите членки на Европската унија го отфрлија планот со кој се обврзуваат да прифатат илјада беглаци кои стигнуваат во Грција и Италија, соопштуваат дипломати пред денешниот дводневен самит на шефовите на државите членки на унијата во Брисел на кој главна тема ќе биде миграцијата, борбата против тероризмот и ситуацијата во Украина, јавува МЕТА.
Бранот на бегалци од Блискиот Исток и Африка кој преку поморски и копнен пат масовно пробуваат да стигнат во Европа ќе биде прва и најважна точка на дневен ред како и планот на Европска комисија за да се воведе квота за прифаќање на азилантите во секоја земја членка посебно.
Тој предлог на претходниот самит во Брисел предизвика жесток отпор кај некои од членките, а во меѓувреме Комисијата земајќи ги во предвид нивните забелешки, состави нова верзија на планот.




