Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Членството во ЕУ значи – поефикасна борба со корупцијата и криминалот, оддалечувањето е со големи ризици!

0
By Marija Todorovska on March 27, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 27, 2024 13:17

„Поради многу причини земјава мора да го продолжи својот пат кон полноправно членство во ЕУ. Не само поради огромниот економски потенцијал и придобивки за граѓаните и бизнисите, туку и заради тоа што членството во ЕУ значи и далеку поефикасна борба со корупцијата и криминалот и далеку подобро владеење на правото и функционирање на институциите“, велат соговорниците со кои разговараше „Фронтлајн“, на тема: „Зошто по секоја цена не треба да се загрозува европската иднина на Северна Македонија?“

– Има многу причини поради коишто земјава мора да го продолжи својот пат кон полноправно членство во ЕУ. И тука не зборуваме само за огромниот економски потенцијал и придобивки за граѓаните и бизнисите. Членството во ЕУ значи и далеку поефикасна борба со корупцијата и криминалот и далеку подобро владеење на правото и функционирање на институциите. Земјите од ЕУ и самата Унија се најголеми економски партнери на земјава, а да не зборуваме за огромната неповратна помош, милијардите евра што ги добивавме досега за изградба на инфраструктура, патишта, болници, училишта, градинки, водоводи, помош за земјоделците, за реформи на институциите итн. Оваа поддршка ќе се зголеми значајно кога ќе станеме членка на ЕУ. Наспроти тоа, ако споредиме, соработката и поддршката од земјите надвор од евроатлантските структури, со ретки исклучоци, е многу мала, изјави за „Фронтлајн“, Петрит Сарачини од Институт за медиуми и аналитика.

Петрит Сарачини

Затоа, додава тој, не смееме да ја загрозиме стратешката определба за членство во ЕУ, која ја имаме од самото осамостојување на земјата.

– Оддалечувањето од овој пат може да ни донесе големи ризици за иднината и просперитетот на земјата и нејзините граѓани – загрозување на стабилноста и продлабочување на поделбите, назадување на економијата и загрозување на стандардот на граѓаните, како и зголемување на корупцијата и криминалот, подвлече тој.

Долгогодишниот новинар и познавач на политичките збиднувања во земјава, Ацо Кабранов вели дека државата под никоја цена не треба да отстапи од евроинтеграцискиот пат. Затоа што, како што вели тој, тоа е гаранција дека македонската економија ќе се дигне од дното, ќе профункционира правната држава, корупцијата и криминалот ќе се сведат на подносливо ниво.

Ацо Кабранов
Ацо Кабранов

– Едноставно само со ЕУ ќе изградиме демократско општество. Македонија ќе стане пристојно место за живеење за сите граѓани, а не како што е сега држава во која олигарсите и криминалците ја имаат како нивна своина и затоа на секој начин со влијание пред сè врз партиите што го кочат патувањето на Македонија таму каде што припаѓа – во ЕУ, изјави Кабранов за „Фронтлајн“.

Ерол Ризаов, новинар и публицист со долгогодишно искуство во журнализмот во изјава за „Фронтлајн“ вели дека во Македонија не постои друга поделба освен тоа дали си за европска Македонија, за европски вредности, европеизација или си против тоа.

– Флоскулата која ја пласираат кандидатите на опозицијата и самата опозиција дека и тие се за европска Македонија, притоа поставувајќи разни програми од типот по која цена…, зборувајќи за национална гордост и за изгубен идентитет, тоа е оправдување за блокирање на сопствената држава за најважното историско прашање за иднината на државата и граѓаните на Македонија, вели Ризаов.

Ерол Ризаов
Ерол Ризаов

Според него, ако не се постигне консензус меѓу релевантните, најголемите политички партии што ќе победат на изборите, Македонија ќе остане на маргините и ќе доаѓа во ситуација да се доведе во прашање нејзиниот понатамошен опстанок како држава.

– Длабоку сум уверен дека во наредните десет години може да се остварат најзначајните интереси на ова држава, нагласи тој.

Зуди Џелили – поранешен пратеник и поранешен кандидат за претседател на државата за „Фронтлајн“ изјави дека Само на Русија ѝ пречи проширувањето на ЕУ и со земјите од Западен Балкан.

Зуди Џелили

– Бидејќи земјите од Западен Балкан се дел од Европа, затоа и иднината треба да ја гледаат како членки на ЕУ. Членството во НАТО на неколку поранешни југословенски републики, но и други балкански држави донесе сигурност во безбедносен аспект. Помошта што ја добиваме од ЕУ и САД се доволен доказ дека сакаат да бидеме дел од друштвото на ЕУ, но не само тоа – да се развиваме и да имаме подобра иднина како држава. Сите треба да работиме интензивно да ги исполниме условите што се потребни за секоја нова членка. Само на Русија ѝ пречи ширењето на ЕУ, заради нејзини геостратешки цели, но Русија не е дека се грижи за судбината на народите тука, напротив максимално ги користи емотивните чувства на помали групи на граѓани да внесе немир и нестабилност, изјави Џелили за „Фронтлајн“.

Уставните измени се услов за да се продолжи процесот на евроинтеграции односно да се свика втората меѓувладина конференција за која ќе нема потреба од дополнителни политички одлуки, како и да се отвори првиот преговарачки кластер. Ова како јасна порака е посочено и во нацрт заклучоци од состанокот на Советот за општи работи (ГАК), кој го сочинуваат шефовите на дипломатиите во ЕУ.

Од друга страна план за раст на Западен Балкан кој официјално беше презентиран на 8 ноември 2023 година, заедно со извештаите за напредокот на земјите-кандидатки, предвидува шест милијарди евра за регионот, но за да ги добијат, државите треба да направат реформска агенда и да се придржуваат на неа.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

ЕУ уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026Updated:June 5, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

ВЕСТИ June 5, 2026

Во изјава за „Дојче Веле“ од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, бугарскиот премиер Румен Радев…

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.