Published: Saturday, October 15, 2016 14:47
Српската полиција денес уапси човек кој се закануваше дека ќе се разнесе пред зградата на српската влада, јави јавниот српски сервис РТС.
Станува збор за Мирослав Станковски, 39 години, кој рано изутринава стасал пред седиштето на владата во центарот на Белград и носел две бомби во рацете заканувајќи се дека ќе ги активира.
Полицијата успеа да го совлада по три часа преговори во текот на кои сообраќајот во центарот на Белград беше сопрен.
Станковски барал да се види со еден од инспекторите кои ја водат истрагата во која тој е вмешан но РТС не даде детали за каква истрага се работи.




