Published: Tuesday, February 14, 2017 16:17
Американскиот претседател Доналд Трамп има необичен начин на ракување со своите соговорници. Гардијан низ видео сторија ги анализира ракувањата со збунетиот јапонски премиер Шинзо Абе, со екс- претседателот на САД Барак Обама, како и со канадскиот премиер, Џастин Трудо, кој успеа да го неутрализира со интелигентна комбинација на време, баланс и контрола.




