Замислете ја оваа ннационална компромитација.
Класична малоумштина.
Срамна деградација на Илинден, на овој светол ден на македонскиот револуционерен врв. Од Мечкин Камен, крушевскиот Олимп на храброста, од каде празнично одекнуваа гласовите на најеминентните и најавторитетните државници, овојпат ќе треба да го слушнете гласот на Милошоски.
Каков пад.
Каква нареда за македонските граѓани и илинденските корифеи.
За жртвите од таа славна наша епопеа. Какво. безчуствие.
Газење по гробовите на илјадниците македонски жртвеници.
Оваа власт е тотално дезориентирана, и национално обезличена.
Милошовски може да држи изборни говори пред селски гранапи, но го нема пиететот и авторитетот достоен за величието на нашиот најславен револуционерен ден – великиот Илинден.
Чукнете ги главите!
Утре во чест на празникот, ќе ечат камбаните.
За народот свет ден.
Извор: Фејсбук



