Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чулев: ДИК ќе треба да се изјасни за Ристе Ставревски за началник на СВР Скопје

0
By Нова ТВ on January 13, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Проблематизирањето на изборот на Ристе Ставревски за началник на СВР-Скопје е од политички причини и го изразува стравот на критичарите од професионално вршење на активностите, смета техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев. Тој изјави дека утре ќе поднесе барање за мислење до Државната изборна комисија (ДИК).

„Ставрески не е осудуван, ниту против него има постапка или каква било истрага. Напротив, тој е лице кое поседува сертификат „државна тајна“ за информации од доверлив карактер, издаден во периодот кога Спасовски беше министер за внатрешни работи. Не гледам никаква пречка да биде началник на СВР Скопје и поради можноста различно да се толкуваат законските прописи. Планирам да се обратам до ДИК која ќе треба да одлучи и да се изјасни за натамошно нормално функционирање на позицијата на лицето за кое станува збор“, рече Чулев.

Тој потенцира оти е најважно да се функционира професионално и согласно законските норми. Сé друго, како што напомена, претставува политизирање и израз на страв од соочување со професионалци. Во врска со неговата одлука со која се бара враќање на возила во МВР, меѓу кои и она што го користи претседателот на државата Стево Пендаровски, министерот одговори дека постапувањето согласно законите, процедурите и прописите е начинот на кој работи актуленото раководство на МВР.

„Водењето сметка за инвентарот и опремата на МВР не е „спорна одлука“, туку само еден дел од тоа постапување. Без да сакаме да навлеземе во дневно-политички интриги, креирани од партиските кујни на СДСМ, најостро ги демантираме објавените наводи и невистини и апелираме до медиумите и новинарите да ги почитуваат принципите на етичко известување. За волја на вистината, од десетици возила за кои е утврдено несоодветно користење, само едно е вратено, а останатите се користат надвор од правилата и процедурите на МВР“, подвлече Чулев.

Нагласи и дека безбедноста не е загрозена на ниту еден носител на јавна функција, посебно не на премиерот и на шефот на државата.

„Како човек со повеќе од 20 години искуство во областа на безбедноста, во никој случај не би дозволил да се загрози безбедноста на премиерот и претседателот. Инаку, бројот на возила кај претседателот на државата и кај премиерот сега е многу поголем“, рече Чулев.

Додаде и дека последните неколку дена пред да стапи на функцијата, сите возила од Кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски биле распределени во други институции и оранизициски единици.

Дик МВР Наќе Чулев Ристе Ставревски СВР Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.