Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов поради повреда нема да може да се стави на располагање за подготовките и натпреварите на македонската репрезентација против Грузија (Тбилиси, 23 септември) и Бугарија (Скопје, 26 септември) од групата во Лига на нации.

„Лекарските прегледи потврдија дека напаѓачот на англиски Барнли не е во можност да му помогне на репрезентативниот тим за претстојните мечеви поради повреда на задниот бутен мускул“, објави ФФМ на својата официјална веб-страница.

Собирот на македонската репрезентација за претстојните пресметки против Грузија и Бугарија е закажан за 19 септември во Скопје.