Грчкиот премиер Алексис Ципрас понудил нови отстапки до кредиторите на земјата.
Фајненшл Тајмс објавува дека во писмо до кредиторите, Ципрас изразил подготвеност да ги прифати многу од условите кои му беа понудени пред да пропаднат преговорите и тој да свика референдум.
Грција откако не го исплати долгот кон ММФ, синоќа стана првата европска економија која не успеала да врати долг.
Според Фајненшл Тајмс, грчкиот премиер бил подготвен да го прифати договорот кој му го нуделе кредиторите само доколку имало неколку измени.
Во писмото кое го објави Фајненшл Тајмс, Ципрас пишува дека Атина ќе ги прифати сите реформи на системот на данокот на додадена вредност на неговата земја со една промена: специјален 30 отсто попуст за грчките острови.
За прашањето за пензиските реформи, Ципрас бара старосната граница за пензионирање да се премести на 67 до 2022 година почнувајќи од октомври, а не веднаш, како што бараат кредиторите.
.jpg)
.jpg)
Министрите од еврогрупата најавија нови итни консултации на кои ќе расправаат за новиот предлог на Ципрас, а кој предлага постигнување на целосно нов договор за отплата на долговите.
Со ова се става во прашање и одржувањето на рефенредумот закажан за 5.јули, кој не би и бил потребен на земјата доколку постигне договор за структурата преку која би се враќале долговите на земјата.



