Премиерот на Грција, Алексис Ципрас ја доби поддршката од Парламентот за вториот пакет реформи за да може Грција да добие финансиска помош.
Нацрт-законот кој содржи правосудни реформи и реформи на банкарскиот систем во Парламентот доби поддршка од 230 пратеници од вкупно 298 присутни.
Ова второ гласање за една недела го отвора патот до финализирање на третиот пакет помош за Грција во вредност од најмалку 80 милијарди евра за три години.
Повикувајќи ги пратениците да го поддржат предлогот, Ципрас рече дека сите заедно мора да ги редефинираат можностите кои се пред нив.
Ципрас во пресрет на гласањето рече дека е решителен да не ја напушти владата и да ја продолжи борбата за да се подобрат условите од планот за помош кој е договорен со доверителите.




