Новиот премиер на Грција, Алексис Ципрас на првиот состанок со новата Влада порача дека земјата нема да се откаже од обврските што се однесуваат на долговите.
Сепак Ципрас рече дека сака нов разговор со европските партнери за „државен и праведен“ договор за отплатата на долговите. Вели подготвен е „да пролие крв за да го врати достоинството на Грците“.
– Помеѓу нашите приоритети е нови преговори со нашите европски партнери да се најде праведно и одржливо, корисно решение, рече Ципрас.
Тој смета дека разговорите со шефот на Еврогрупата кој доаѓа во Атина во петок, треба да бидат продуктивни.
– Ние сме Влада која ќе работи за национален спас. Наша цел е враќање на безбедноста и достоинството, дополни тој.
Во честитките кои следеа по победата на неговата партија Сириза на неодамнешните избори, Ципрас беше потсетен од Брисел и Германија дека треба да ги испочитува обврските кои Грција ги има преземано.




