Официјалните резултати од предвремените парламентарни избори во Грција, покажуваат дека Сириза на поранешниот премиер Алексис Ципрас победи со 35 отсто поддршка од гласачите, пред партијата Нова демократија која освои 28 отсто.
Сепак, Сириза доби 145 пратенички места, кои не и се доволни за да може сама да формира влада.
Нова демократија освои 75 места, Златна зора 18, Пасок 17 места, додека Ципрас следната влада ја планира најверојатно со Независни Грци кои имаат 10 пратенички места.
„Пред нас се отвора пат на работа и борби“, напиша Ципрас на неговиот „Твитер“ профил, најавувајќи на овој начин дека нема место за големи прослави, бидејќи државата е пред економски и политички предизвици и спроведување на новите мерки и реформи.
Околу 9 милиони и 800 илјади грци со право на глас излегоа на изборите за нова влада која треба да го спроведе спасувачкиот пакет од три години што парламентот го одобри во минатиот месец.




