Published: Thursday, August 20, 2015 21:24
Грчкиот премиер Алексис Ципрас поднесе оставка и најави предвремени избори на 20 септември.
Во телевизиското обраќање до нацијата, Ципрас изјави дека е со чиста совест и побара од гласачите чист мандат.
„Имам морална одговорност пред вашиот суд да го изнесам тоа што го направив“, рече Ципрас во своето обраќање до граѓаните.
По обраќањето на Ципрас, лидерот на опозициската Нова демократија Вангелис Мимаракис најави прес конференција, а изјави ќе дадат и лидерите на Потами и ПАСОК Ставрос Теодоракис и Фофи Генимата.




