Published: Monday, November 30, 2015 09:13
Американскиот мултимилијардер Доналд Трамп, кој се бори за кандидат од Републиканската партија на претседателските избори во САД следната година, предизвика револт кај организациите за заштита на животните, откако во неговата кампања искористи жив слон, на чие тело го испиша неговиот слоган.
На митинг во сојузната држава Флорида, Трамп ја искористил женката слон по име Есекс, на ие тело со креда испишал: Да ја направиме Америка повторно извонредна.
Слонот е маскота на Републиканската партија, но никој досега не искористил живо животно како подвижно рекламно пано, поради што потегот на Трамп, кој е познат по голем број гафови во текот на кампањта, предизвика голем број критики во јавноста и на социјалните мрежи.




