Црногорските власти имаат црна листа на која се наоѓа и заменикот на рускиот претседател Владимир Путин, Димитриј Рогозин, објави Спутник.
Според агенцијата тој може да биде уапсен доколку се појави во Подгорица на покана на црногорската Демократската народна партија. Спутник исто така објави дека оваа листа се
наоѓа и Путин, иако црногорското Министерство за надворешни работи тоа го демантира.
– Путин слободно патува низ Европа и не с енаоѓа на нашата листа, Се работи за усогласување на одлуките на Црна Гора со оние на ЕУ која и наметна санкции на Русија, велат од Министерството, но не ја отфрлаат опцијата дека е можно Црна Гора да му забрани влез на Путин доколку ЕУ побара такви мерки.
На листата на која се наоѓаат 149 лица и 37 институции се и Валериј Герасимов, началник на рускиот Генералштаб, шефот на руската Служба за безбендост Николај Патрушев, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, и неколку команданти на руската војска и пратениците во Думата.
Сите се блиски соработници на Путин и пријатели, како што е во случајот со тајкунот Аркадиј Ротенбург, за кого во образложението за забраната се наведува дека е „долгогодишен познаник на претседателот Путин и негов бивши партнер за спаринг во џудо“.
Како реакција на информацијата за црната листа, рускиот потпретседател Рогозин на Твитер напиша: „Браќата ја наведнаа главата“.




